Оперативна годишна програма за воспитно образовна работа во учебната 2009/10 година

Програми и извештаи

Годишната програма на ОУ Блаже Конески - Прилеп е изработена во согласност со чл.35 од Законот за основното образование и е во согласност со чл.9 и чл.68 од Статутот на училиштето. Истата е разгледана од Училишниот одбор на ден 31.08.2009 година.

ОПЕРАТИВНА
ГОДИШНА ПРОГРАМА
за работа на ОУ Блаже Конески - Прилеп во учебната 2009/10 година

I. Вовед

Основното училиште Блаже Конески од Прилеп е развиено основно училиште. Во него се организира настава за осмолетка и согласно законот за основно образование настава за деветтолетка. Основното училиште работи во две згради. Едната е сместена во населбата Точила на ул. Самоилова број 15 и отпочна со работа во 1986 година, а другата се наоѓа во населбата Варош на ул. О.Чопела бб каде се изведува настава од 1-во до 3-то одделение деветтолетка и 3 и 4 одделение осмолетка, а започнало со работа во 1928 година.

Во претходната учебна година беше остварена основната дејност воспитание и образование на учениците и притоа се постигна просечен среден успех на ниво на училиште од 3,93 што е за 0,2 понизок од учебната 2007/08 година .

Минатата учебна година приоритетни задачи беа:

Издавање на училишен весник
За реализација на истата беа формирани оснивачки и уредувачки одбори од редовите на наставниот кадар и директорот. Оваа приоритетна задача се реализира со издавање на еден број од училишниот весник под наслов Нова Стерна кој имаше за цел информирање на учениците и родителите за постигањата на училиштето.

Имплементација на проектите во училиштето
За реализација на оваа приоритетна задача се формираа тимови кои имаа задача да ја следата имплементацијата на проектите при што тимовите изготвија Акциони планови според кои го вршеа следењето на истите. Според извештаите на тимовите имавме успешна реализација и имплементација на проектите: Унапредување на оценувањето во основното образование, Унапредување на наставата по математика и природните науки и Реализација на програмата Животни вештини во одделенска настава.

Изработка на училишна Веб страна
И оваа приоритетна задача успешно се реализира што може да се види ако се отвори интернет станицата www.oublazekoneski.edu.mk преку која успешно го презентиравме училиштето во јавноста и ги запознавме родителите и учениците со постигнувањата.

МИСИЈА:

Училиштето е јавна воспитно образована институција во која учениците се стекнуваат со квалитетни знаења. Нуди добри просторни услови и опременост. Подготвено е да прифаќа промени, отворено е за соработка и добра комуникација со родителите, институциите и локалната средина.

ВИЗИЈА:

Училиштето ќе биде посакувана средина во која учениците напредуваат според своите индивидуални способности со почитување на детската личност. Ќе се негува позитивна училишна клима, професионализмот во работата и градењето на демократски односи.

II. Приоритетни задачи

Во текот на оваа учебна година покрај реализацијата на сите наставни и воннаставни планирања предвидени со Годишната програма приоритетни задачи на училиштето ќе бидат:

  1. Градење на систем за откривање и следење на надарените ученици во наставата и вон наставата.
    Очекувања: Изграден систем за откривање и следење на надарените ученици во наставата и вон наставата.
    Кој: Директорот, стручните соработници и наставници.
    Како: Едукација на наставниот кадар за работа со талентирани ученици преку Проектот Модернизација во образованието, избор на форми и методи за откривање на надарените ученици и изработка на евидентни листови за следење.
    Кога: Во текот на второто полугодие.
  2. Обука на наставниците за употреба на компјутерскиот софтвер Едубунту.
    Очекувања: Ефикасно користење на компјутерите во наставата и вон наставата.
    Кој: ПЕП проектот.
    Како: Преку работилници.
    Кога: Во текот на второто полугодие.
  3. Изготвување на самоевалвација
    Очекувања: Утврдување на јаките и слабите страни во работата на училиштето.
    Кој: Тимовите за самоевалвација.
    Како: преку проверка на педагошката евиденција и документација, анкети, интервјуа, набљудувања, посета на часови и т.н.
    Кога: Учебна 2009/10 година.
  4. Реализација на промените во образовниот систем на основното образвование т.е. трансформација во деветтолетка.
    Очекувања: Вградување на промените во наставните планови и програми на наставниот кадар од ОУ Блаже Конески.
    Кој: директор, стручни соработници, претседатели на стручни активи, наставниците.
    Како: учество на семинари, работа на стручните активи врз промените и изготвување на соодветна документација.
    Кога: учебна 2009/10 година.
III. Услови за работа

И оваа учебна година наставата ќе се изведува во две смени во зградата во населбата Точила и тоа: прва смена: 2-ро (деветтолетка) 4-то (деветтолетка), 5-то и 7-мо одделение и две паралелки од 1-во (деветтолетка) и втора смена: 3-то (деветтолетка), 4-то (осмолетка), 6-то и 8-мо одделение и две паралелка од 1-во (деветтолетка). Во училиштето во населбата Варош наставата ќе се изведува во една смена-одделенска настава од осмолетка и деветтолетка.

Во зградата во Варош, таванот е изграден од греди и трски и е потребно реновирање. Проблемот со осветлувањето кое не одговара на потребите заради дотраеноста на електричната инсталација ќе се реши со проектот Модернизација во образованието. Просториите во оваа зграда се наменети за изведување на одделенска настава и во целост ги задоволуваат просторните потреби освен просторијата во која е сместено прво одделение, чие прилагодување е една од приоритетните задачи на училиштето.

Училишниот двор од зградата во населбата Точила е делимично ограден што претставува проблем за негово уредување и одржување. Зградата во оваа населба располага со 16 кабинети за изведување настава по Физика, Хемија, Информатика, Биологија, Музичко воспитување, ТО, Ликовно воспитување, Македонски јазик, странски јазици, Историја, Географија, Математика и Физичко воспитување, 11 училници за одделенска настава и 7 административни простории. На приземјето се наоѓа библиотеката и забна амбуланта за потребите на учениците.

Во склоп на училиштето, како посебен објект, е топланата која е лоцирана на оддалеченост од 150-200 м. од училиштето. Таа има 2 котли и работи на тврдо гориво од кои едниот е во употреблива состојба. Проблем претставува дотурот на јаглен до магацинскиот простор, но пред се неможноста да се обезбеди работна температура за време на зимскиот период што произлегува од големото растојание помеѓу топланата и училиштето, неизолираноста на подземно водените цевки, дотраеноста на сигурносниот вентил и експанзивниот сад, срушениот оџак на котларата и оштетувањата на кровот што бара итна санација. Оттука за да наставата тече во нормални услови и без прекини најдоброто решение е дислокација на котларата во непосредната близина на училишната зграда со промена на греењето од тврдо во течно гориво.

За наставата по Физичко образование во недостиг на мала или голема сала, еден од кабинетите (ТО - дрво) е прилагоден за импровизирање на настава по Физичко образование. За потребите по Физичко образование има изградено ракометно и кошаркарско игралиште. Во училиштето има просторија за библиотека.

Училиштето е снабдено со клупи, столчиња и табли кои се во употреблива состојба. Во зградата во населбата Варош, освен во една просторија, клупите, столчињата и таблите се застарени и неупотребливи. Сите простории имаат витрини за чување и сместување на наставни помагала и нагледни средства. Канцелариите во училиштето и просториите за подготовка на наставниците се опремени со канцелариски мебел кој е во употреблива состојба. Секоја училница и кабинет има вода и одвод. На секој спрат постојат женски и машки клозети за учениците.

Пред влезот во зградата има училишен простор кој што се состои од плато за учениците кое не е асфалтирано и земјено фудбалско игралиште. Во цела должина на училишната зграда се наоѓа парк кој е во фаза на уредување и ставање во функција за наставата и учениците. Проблем претставува неограденоста на училиштето затоа што училишниот двор се користи како паркиралиште на месното население, а земјеното игралиште за изградба на сушални за тутун со што се загрозува безбедноста на учениците, но и хигиената како во училиштето така и во училишниот двор. Училниците и ходниците се украсени со жардинјери со цвеќе, слики, изложбени паноа, изработени проекти, дипломи и пофалници доделени на училиштето за освоени места на разновидни натпревари и конкурси, пароли, изработки на учениците, фотографии, катчиња за секции и т.н. На приземјето се наоѓа бина која што се употребува при разновидни манифестации.

ТАБЕЛА
за развојно планирање на приоритетни задачи за подобрување на условите за работа во училиштето

Приоритени задачи Време на реализација Извори на финансиски средства Потребни финансиски средства
1. Оградување на училиштето во населбата Точила и населбата Варош Учебна 2009/10 година
  • локалната самоуправа
  • невладини организации
  • спонзорства
15.000 евра
2. Дислоцирање на котларата и инсталирање на котел на течно гориво Во период од следните три учебни години
  • локалната самоуправа
  • невладини организации
  • спонзорства
30.000 евра
3. Реконструкција на електричната инсталација во подрачното училиште во населбата Варош и други инфраструктурни зафати Учебна 2009/10 година
  • Проект Модернизација во образованието
  • локалната самоуправа
  • Министерството за образование и наука
20.000 евра
4. Изградба на фискултурна сала Учебна 2009/10 година
  • локалната самоуправа
  • невладини организации
  • спонзорства
  • Министерството за образование и наука
250.000 евра
5. Проширување на училницата за прво одделение во населбата Варош Учебна 2009/10 година
  • Проект Модернизација во образованието
  • локална самоуправа
1.000 евра

ТАБЕЛА
на просторот, опремата и намештајот

Просторија Бројна состојба Опрема Намештај
Училници
  • Одделенска настава: 19
  • Графоскоп
  • Дијаскоп
  • Модели
  • Слики
  • Телевизор
  • видеорекордер
  • клупи
  • столчиња
  • табла
  • катедра
  • шкаф
Кабинети
  • Предметна настава: 18
  • графоскоп, дијаскоп, модели, слики, телевизор, видеорекордер, компјутери, печатачи, скенер, дигитална камера
  • опрема за предметите по: хемија, биологија, физика, ТО и музичко образование
  • клупи
  • столчиња
  • табла
  • катедра
  • шкаф
Физичко образование
  • Прилагодена училница за сала
  • Отворени асфалтирани игралишта за: ракомет и кошарка
  • Земјени игралишта за: одбојка и фудбал
  • јарец, душеци, топки, греда
  • стативи- голови, кошови
  • катедра, столче, табла
Помошни простории
  • за подготовка на наставниците: 12
  • Нагледни средства
  • Маса
  • Столчиња
  • Шкаф
  • Жардинјери
Канцеларии
  • Директор: 1
  • Стручни работници: 2
  • Административни простории: 2
  • Прием на родители: 1
  • Наставничка канцеларија
  • компјутер
  • графоскоп
  • работни маси
  • столчиња
  • шкафови
  • жардинјери
Забна амбуланта
  • една просторија
  • -
  • -
Библиотека
  • разгласен систем
  • ученичка литература,списанија,стручна литература
  • Сталажи за книги
  • клупи
  • столчиња
  • табла

Опременоста на училиштето со наставни средства и технички помагала не е на задоволително ниво бидејќи дел од нив се застарени или пак се во неисправна состојба. Со проектот Модернизација во образованието делимично се пополнија недостатоците, но тоа не значи дека училиштето не чувствува потреба во иднина дополнително да се вложува на ова поле.

Училиштето располага со наставни средства кои се дадени во прегледот што следи, но дел од нив се застарени или во неисправна состојба. За жал училиштето не може да ги обнови или да ги отстрани дефектите кај истите заради недостиг на материјални средства.

ПРЕГЛЕД
на наставни средства

Аудио-Визуелни средства Исправни Неисправни Вкупно
Компјутери 42 - 42
Печатачи 3 2 5
Скенер 2 - 2
Факс-фотокопир-печатач 1 - 1
ТВ апарати 5 - 5
LCD проектор и платно 1x1 - 1x1
DVD плеер 2 - 2
CD плеер 8 - 8
Видеорекордери 2 1 3
Графоскопи 2 5 7
Епидијаскопи - 8 8
Дијапроектори - 2 2
Кинопроектори - 3 3
Музички систем 1 - 1
Пијанино 1 - 1
Мандолини 30 - 30
Мандоли 9 - 9
Гитари 4 - 4
Контрабас 2 - 2
Радиокасетофони 3 1 4
Вкупно 116 22 138

IV. Ученици и паралелки

Оваа учебна година во училиштето се запишани 959 ученици распределени во 39 паралелки. За паралелките со помал број на ученици е побарана согласност од Министерството за образование и наука.

Наставата ќе се изведува на македонски јазик, а од странските јазици ќе се изучуваат Англиски јазик од 1-во до 8-мо одделение, Германски јазик од 6-то до 8-мо одделение и Француски јазик во 6-то одделение.

ПРЕГЛЕД
на бројот на паралелките за учебната 2009/2010 година
Одделение Број на паралелки Број на ученици
1-во (деветтолетка) 5 109
2-ро 4 100
3-то 4 96
4-то 4 110
5-то 4 90
5-то (деветтолетка) 5 115
6-то 4 95
7-мо 4 112
8-мо 5 132
Вкупно 39 959

ПРЕГЛЕД
на бројот на ученици по паралелки, пол во одделенска, во предметна настава од 1-во до 8-мо одделение

Одд.ПаралОдд. раководителБрој на ученицимашкиженски
I


Вар.
1Димеска Марија221012
2Смугреска Дијана221210
3Стевананџија Габриела22913
4Звездоска Павлина20614
5Трпкоска Лилјана23914
Вкупно1,2 1смена, 3,4 2смена1094663
II

Вар.
1Мишески Петре281711
2Наумчески Димчо271512
3Попова Борка311912
4Костадиноски Илија1495
Вкупно1смена 1006040
III

Вар.
1Јованоска Ружа271215
2Дичоски Драшко281216
3Белокоска Сузана 261511
4Мургоска Елизабета14 77
Вкупно2смена 954649
Деветолетка IV

Вар.
1 Трајкоска Илинка29 1712
2Ристеска Наташа291811
3Црвенкоска Весна 2914 15
4Талеска Викторија22 1012
Вкупно 1смена 1095950
Осмолетка
IV

Вар.
1 Бошкоска Ана2512 13
2Велкоски Љупчо231112
3Ѓокоска Гордана 251312
4Котеска Олга17 89
Вкупно2смена 904446
Вкупно 1-4 503255248
V
1 Мазнејкова Вера24 1212
2Бузезка Лилјана241212
3Спиркоска Милка241212
4Христоска Виолета241212
5Андоноски Петар241212
Вкупно 1смена114 5856
VI1 Неделкоска Марија241212
2Магдеска Маргарита241212
3Клекачкоски Благоја23 1013
4Антулеска Васе23716
Вкупно 2смена94 4153
VII1 Спасеска Милева30 1416
2Мојсоска Весна271314
3Димеска Наде2612 13
4Ристеска Проданоска Наташа251215
Вкупно 1смена1125358
VIII1 Дивјакоски Цветан22139
2Котески Цветан251510
3Бабаноски Бранко27 1710
4Ефтимоски Ицко281810
5Апостолоска Анка2615 11
Вкупно 2смена128 7850
Вкупно 5-8  448230 217
Вкупно 1-8  951485 465

Наставен, раководен и друг стручен кадар

Од горе наведениот кадар во училиштето се вработени: директор, помошник на директорот, педагог, психолог, библиотекар, 53 наставници (од нив 25 се професори). Од нив 21 наставници се во одделенска настава, а останатите се во предметна настава. Тројца наставници дополнуваат во други училишта, а седум наставници дополнуваат во нашето училиште. Според степенот на образование сите наставници ги задоволуваат законските одредби за изведување на настава, а според работното искуство повеќето од нив се со богато работно искуство.

Напомена: Прилогот за наставниот и другиот стручен кадар со работни задолженија во тековната учебна година е составен дел на оваа програма.(Прилог бр.1)

Организација и реализација на воспитно образовната работа

Настава

Оваа учебна година наставата во зградата во населбата Точила ќе се изведува во две смени. Првата смена со настава ќе започнува во 7,15 часот, а втората смена во 13,00 часот. Во зградата во населбата Варош наставата се изведува во една смена со почеток во 8,00 часот. Наставниот час ќе трае 40 минути.

Во училиштето работи и библиотека. Покрај задолжителната ученичката лектира, слободната ученичка лектира, стручната литература за наставниците, стручните списанија и детските списанија во истата е сместена и читална. Библиотеката работи од 7,00 до 15,00 часот и на тој начин ги опфаќа двете смени.

Согласно со Календарот за работа во Основното образование ОУ Б. Конески во текот на учебната 2009/10 година ќе се реализираат 180 наставни денови, во кои влегува 19.12.2009- Денот на училиштето. Учебната година започнува на 1 Септември 2009 година, а завршува на 31 Август 2010 година. Наставната година започнува на 1 септември 2009 година, а завршува на 10 јуни 2010 година. Според календарот зимскиот одмор на учениците започнува на 31.12.2009 и трае заклучно до 19.01.2009 година.

Напомена: Календарот за работа на училиштето во тековната учебна година е составен дел на оваа програма.(Прилог бр.2)

Планирање и подготовка на наставата

Планирањето и подготовката на наставата наставниците ќе го вршат врз основа на моделите за планирање предложени од Бирото за развој на образованието. Наставниот кадар до 1 септември доставува Годишно глобално и Тематско планирања на наставата, планирања за часот на ученичката заедница на паралелката, додатната настава и слободните ученички активности.

Во текот на учебната година наставниот кадар ќе изготвува дневни подготовки за наставните часови и неделно оперативно планирање на наставата.

Изведување на наставата
Распоредот на наставните часови во одделенска и предметна настава е составен дел на Оперативната Годишната програма за работа на училиштето.
Наставата од 1-во до 4-то одделение се одвива во класични училници, а од 5-то до 8-мо одделение се изведува во кабинети.

Видови настава
Наставата се организира и изведува според програми за задолжителни и изборни наставни предмети што се изучуваат според Наставниот план за основното образование.
Со постојните материјално, технички и кадровски услови во нашето училиште оваа учебна година ќе бидат застапени следните изборни предмети:

Изборни предмети Одделение во кое ќе се изведуваат Број на часови неделно Број на групи Број на ученици Наставници
Запознавање на религиите 5-то одделение 2 5 102 Гоце Арсов
Класична Кул.на е.ц. 5-то одделение 2 1 13 Котеска Лидија, Роберт Стојаноски
Техничко образование 6-то одделение
8-мо одделение
2 4 73 Бабаноски Бранко
Воспитание за околината 6-то одделение 2 1 23 Спиркоска Милка
Воспитание за околината 7-мо одделение 2 3 68 Антулеска Васе
Проекти од музичката уметност 7-мо одделение
8-мо одделение
2 1 20 Бузеска Лилајана
Информатика 7-мо одделение
8-мо одделение
2
2
1
2
24
28
Наташа Ристеска- Проданоска

Наставата по Изборните предмети ќе се изведува во текот на наставниот ден. Наставниот кадар преку известувањето на родителите и учениците и преку потполнувањето на Изјави за изборот на наставниот предмет вршат подготовка за организација на овој вид настава. (Прилог бр.3)

Тие ќе ги користат Наставните програми за изборните предмети изработени од Бирото за развој на образованието.

Според наставниот план ќе се изведува уште и дополнителна и додатна настава кои имаат задолжителен карактер за училиштето и наставниот кадар.

Дополнителна настава ќе се организира за учениците кои ќе се соочуваат со повремени тешкотии во учењето, побавно напредуваат или заостануваат во усвојувањето на содржините и другите задачи од еден или повеќе наставни предмети. Дополнителна настава ќе се организира во зависност од потребите на учениците од прво до осмо одделение. Истата ќе се изведува во текот на целата наставна година, по часовите од редовната настава, а на крајот од учебната година дополнителна настава ќе се организира за учениците со негативни оценки.

Додатна настава ќе се организира за учениците кои во текот на редовната настава постигнуваат надпросечни резултати, пројавуваат и се потврдуваат со особена надареност и талентираност во одделни наставни предмети. Истата ќе се изведува во текот на целата наставна година, по часовите од редовната настава, во слободното време на учениците според определени Програмски содржини. Во согласност со кадровските услови ќе се организира додатна настава за учениците од 2-ро и 3-то одделение од девоттолетката и за учениците од 4-то до 8-мо одделение, а ќе биде организирана во согласност со Наставните планови за деветолетка и осмолетка предложени од БРО според претходно изготвени програми. Задолжението според наставници е прикажано во Прилогот бр.1.

V. Вон наставни активности

Ова подрачје ќе биде проткаено со содржини и активности што ќе се реализираат вон наставата. Распоредот на наставниците кои ќе ги реализираат вон наставните активности е составен дел од Оперативната Годишна програма за работа на училиштето.

Оперативната Годишна програма за работа во делот за вон наставните активности се состои и од следните подрачја:

  • Слободни ученички активности,
  • Ученички натпревари и конкурси,
  • Наставни екскурзии (интегрирани наставни денови) и излети,
  • Грижа за здравјето на учениците,
  • Соработка со локалната средина,
  • Стручно и педагошко усовршување на наставниците, директорот и стручните соработници

Планирање и подготовка на наставата

Низ слободните ученички активности ќе се создадат претпоставки за задоволување и негување на индивидуалните интереси и способности на учениците.

Своите афинитети и интереси учениците ќе можат да ги искажат преку работата на следните активности:

  • Слободни ученички активности за проширување на знаењата по одделни наставни предмети;
  • Слободни технички активности;
  • Слободни културно-уметнички активности;
  • Слободни спортски активности;

Во слободните активности за проширување на знаењата по одделни предмети ќе работат следните секции: љубители на Англискиот и Германскиот јазик, млади: математичари, физичари, информатичари, историчари, хемичари, библиотекари, географичари и биолози.

Во рамките на слободните културно уметнички активности ќе работат секциите: литературна, драмска, рецитаторска, новинарска, ликовна, пеачка.

Во слободните спортски активности ќе работат спортските секции.: Ракомет, фудбал и спортска секција.

Во рамките на слободните технички активности ќе работат секциите: електроника и сообраќајна секција.

Во согласност со кадровските И просторните услови ќе се организираат слободни активности за учениците од 1-во,2-ро и 3-то одделение од девоттолетката и за учениците од 3-то до 8-мо одделение, а ќе се реализираат според претходно изготвени програми. Задолжението според наставници е прикажано во Прилогот бр.1.

VI. Ученички натпревари и конкурси

Во оваа учебна година ќе се организира училишен натпревар на знаења по предметот математика. Ќе се организираат технички и спортски натпревари. Најуспешните ученици од овие натпревари ќе земат учество на региналните натпревари, а во зависност од постигнатите резултати ќе учествуваат и на државните натпревари. Учениците од училиштето преку ликовната, литературната, рецитаторската секција, хорот и мандолинскиот оркестар ќе учествуваат на општински и државни културно уметнички натпревари организирани по разни поводи во општината, регионот.

видови натпревари и конкурси институции динамика
Училишни натпревари ОУ Блаже Конески Февруари - Март
Ликовни натпревари
  1. Центар за детско творештво
  2. Противпожарен дом
  3. Битолски Монмартр
  4. Аеро клуб -Прилеп
  5. МВР-Прилеп
  6. Еколошки друштва
  7. Илинденски денови
Учебна 2009/10
Општински и државни натпревари на знаења
  1. Биро за развој на образованието
  2. Приватно средно училиште Јахја Кемал
  3. Друштво на: математичари, физичари, историчари...
  4. Филозофски факултет
  5. Природно Математички факултет
  6. Црвениот крст на Р.М
Април - Мај
Млади техничари Народна техника Март - Мај
Музички натпревари
  1. Биро за развој на образованието
  2. Музички и културни институции
Март - Мај
Спортски натпревари Сојуз за физичка култура на Р. Македонија Април - Јуни
Литературни натпревари
  1. Библиотека О.Чопела
  2. Основни училишта
  3. Центар за детско творештво
  4. Еколошко друштво
Учебна 2009/10

Напомена: Во Прегледот не се внесени оние натпревари и конкурси за кои немаме сознание дека ќе бидат организирани. Доколку истите се организираат и се прифатат ќе станат составен дел од Прегледот.

VII. Заедници на учениците

Во рамките на училиштето учениците своите потреби и интереси кои произлегуваат од воспитно образовниот процес ќе ги остваруваат на организиран начин преку заедниците на учениците на паралелките, а на ниво на училиште преку Заедницата на учениците на училиштето.

Во почетокот на учебната година секоја паралелка од 5-то до 8-мо одделение избира раководство на ученичката заедница составена од следните членови: претседател, заменик, благајник. Избраните претседатели од секоја паралелка ја сочинуваат Заедницата на учениците на училиштето која бира раководство составено од: претседател, заменик претседател и благајник.

Со Заедницата на учениците на училиштето ќе раководат Ефремоска Билјана и Прангоски Ристо.

Напомена:Програмата за работа на Ученичката заедница на училиштето е дел од Прилозите на Годишната програма.

Исто така во училиштето ќе постои и Подмладокот на Црвениот крст кој ќе работи по изготвена програма. Одговорен наставник ќе биде Васе Антулеска.

ПРОГРАМА
за работа на Подмладокот на Црвениот крст учебна 2009/2010 година

Септември

  1. Конституирање и избор на раководство на Подмладокот на Црвениот крст
  2. Собирање на годишна членарина
  3. Спроведување на активности за одбележување на Недела за борба против туберкулозата

Октомври

  1. Прием на првачињата во подмладокот на црвениот крст
  2. Спроведување на хумана солидарна собирна акција по повод денот на гладните

Ноември

  1. Активности за одбележување на месецот за борба против болестите на зависноста:пушење, алкохол, дрога
  2. Активности за одбележување на Неделата за грижа на старите лица

Декември

  1. Одбележување на денот за борба против сидата-1 Декември
  2. Подготовки за натпревари по Прва медицинска помош -формирање на екипа и одредување - задолжување на одговорен наставник

Февруари

  1. Спроведување на хумана солидарна акција(по потреба)
  2. Учество на литературен и ликовен натпревар Крвта живот значи

Март

  1. Одбележување на 8-ми Март
  2. Недела на борба против ракот
  3. Одбележување на 17-ти Март денот на крводарителството
  4. Активности за уредување на училишната средина

Април - Мај

  1. Одбележување на 7-ми Април -Светскиот ден на здравјето
  2. Учество на општинските натпревари по Прва медицинска помош

НАПОМЕНА: Покрај набележаните содржини и активности во текот на учебната година ќе се реализираат и други активности кои со својата актуелност ќе се наметнат.

VIII. Професионална ориентација на учениците

Професионалната ориентација на учениците ќе се реализира преку наставните содржини во рамките на задолжителната, изборната и факултативната настава и преку сите видови на вон наставни активности на учениците. Но, истата со учениците од 8-те одделенија засилено ќе биде реализирана со помош на одделенските раководители и стручните работници од училиштето преку претходно изготвена програма која е составен дел од оваа програма.(Прилог бр.5)

IX. Производствена и друга општествено корисна работа

Преку реализацијата на општествено корисната работа кај учениците ќе се негува позитивниот однос кон работата.

Во тој прилог во училиштето ќе се превземаат следните активности:

  • одржување на училиштето преку уредување на училниците и кабинетите, ходниците, училишната зграда и училишниот двор.
  • во локалната средина со учениците ќе се изведат разновидни акции од еколошки карактер.
  • за ублажување на последиците од елементарни непогоди и укажување на помош на социјално загрозени ученици во училиштето ќе бидат организирани собирни акции.
Содржина на активностите Реализатор Време на реализација
1.Одржување, уредување на училниците, училишната зграда дворот и локалната средина ученици,одд .раков. и сите вработени континуирано
2.Собирни акции одд. Раководители, наставници Септември - Јуни
3.Работни акции сите ученици и вработени Март - Мај
4.Помош на соц. загрозени ученици и вработени Септември - Јуни
5.Учество во ублажување на можни последици од елемен. и други несреќи и опасности ученици и вработени Септември - Јуни
6.Соработка со производствени организации ученици, наставници, директор, одд.раководители, педагог - психолог Септември - Јуни
X. Наставни екскурзии и излети

За учениците од одделенска и предметна настава при ОУ Блаже Конески - Прилеп во согласност со наставните и вон наставните планирања и програмирања ќе се изведат повеќе полудневни, еднодневни и повеќедневни наставни екскурзии.

Наставни екскурзии (интегрираните наставни денови) ќе бидат организирани за сите ученици и по сите наставни предмети од 1-во до 8-мо одделение кои се планирани со Годишните во распределенија по предмети или секции и истите се внесени во Годишната програма за изведување на наставни екскурзии.

За сите ученици од 1-во до 8-мо одделение ќе се организираат и два еднодневни (есенски и пролетен) излети кои ќе бидат од забавно рекреативен карактер во непосредната околина на местото на живеење.

Подетално за: маршутата, местата и објектите на посета, бројот на учениците, одговорните наставници, воспитните и образовните задачи на наставните екскурзии ќе бидат известени ПЕ на Бирото за развој на образованието - Прилеп, Локалната самоуправа - одделението за образование и МВР пред изведувањето на секоја наставна екскурзија.

ПРОГРАМА
на планираните наставни екскурзии и излети во учебната 2009/2010 година

Што Кој Каде Кога
Еднодневна екскурзија 1-во (деветтолетка) Посета на зоолошката градина во Битола Пролетна
Еднодневна екскурзија 2-ро (деветолетка) Посета на зоолошката градина во Битола Есенска
Еднодневна наставна екскурзија 3-то (деветтолетка) Прилеп - Битола - Прилеп,Зоолошка градина, и Национален парк во Битола Пролетна
Еднодневна наставна екскурзија 4-то (деветтолетка) Прилеп - Охрид - Прилеп, Св.Наум,Плошник, Самуилова тврдина, Антички театар, Куќата на Робевци, Охридско и Преспанско езеро, изворот на Црн Дрим, Стара архитектура и занаети во Охрид, Галичица, Билјанини извори, Отешево Есенска
Дводневна наставна екскурзија 4-то Хидроцентрала Тиквеш, споменик Ваташа, Винарски визби: Кавадарци и Демир Капија, граничен премин кон Грција, Беровскиот манастир, рудникот Саса, бањата Кежовица, музеј во Берово Есенска
Еднодневна наставна екскурзија 5-то Посета на Планетариум Интегриран наставен ден по предметите: биологија, историја, географија, англиски Есенска
Еднодневна наставна екскурзија 6-то Прилеп - Струга - Охрид - Претор - Прилеп, Интегриран ден по: Биологија, Географија, македонски јазик. Охридското езеро, изворите на Црна Река, Треска, Црн Дрим, Билјанини извори, Биолошкиот музеј во Струга, Хидро биолошкиот завод, Преспанското Езеро Пролетна
Четиридневна наставно рекреативна екскурзија 7-мо Република Македонија (да ја запознаеме нашата татковина) Пролетна
Еднодневна наставна екскурзија 8-мо Посета на Саемот на книгата, Институт за сеизмолошко инженерство Интегрирани содржини по преметите: географија, македонски, физика, германски, англиски ј. Пролетна

Напомена: планираните наставни екскурзии ќе бидат изведени доколку Плановите за екскурзиите бидат навреме изготвени и доставени до ПЕ на БРО -Прилеп.

Во планирањето, организирањето и реализацијата на секоја наставна екскурзија во Комисијата за екскурзии се вклучени и претставници од родителите на соодветните одделенија.

Директорот за успешно изведување на наставните екскурзии на наставниците им врачува Задолжение. (Прилог бр.6)

XI. Грижа за здравјето на учениците

Грижата за здравјето на учениците во училиштето ќе се остварува преку:

  • соработка со Медицински центар за организација и реализација на систематски лекарски прегледи за учениците од 1-во, 3-то, 5-то и 7-мо одделение, изведување на вакцинации и ревакцинации на учениците; изведување на редовни систематски стоматолошки прегледи според нивни програми.
  • соработка со Заводот за здравствено образование преку кого ќе се реализира здравствено просветување на учениците со реализирање на разни предавања, трибини, работилници и т.н според програма.
    Прилог: Интерна програма за здравствени просветување на учениците
  • соработка со Црвениот крст, Друштвото за борба против алкохолизмот и наркоманијата и т.н во реализација на активности од нивните програми.
  • здравствено просветување на учениците кое ќе се оствари во текот на редовната настава по: физичко образование, природо, општество, запознавање на околината, природо и општество, биологија, екологија, здрава исхрана, воннаставните активности: спортска, еколошка секција и физичко образование и на часовите на одделенскиот раководител преку презентирање на наставните содржини, преку предавања, разговори, трибини и слично.
  • организирање на исхрана за учениците со ладен оброк.

ПРОГРАМА
за грижа за здравјето на учениците во учебната 2009/2010 год.

Содржина на активностите Реализатор Време на реализација
1.Предавање за општата и личната хигиена Одделенски раководители Септември
2.Предавање за здравствено просветување Здравствени установи Септември - Јуни
3.Систематски прегледи на учениците од 1-во, 3-то, 5-то и 7-мо Здрав. установи, оддел. раковод. Септември - Октомври
4.Вакцинации и ревакцинации Здравствени установи Септември - Јуни
Лекарски прегледи и превентивни мерки Здравствени установи По потреба
6.Исхрана на учениците и контрола на исхраната Сите вработени Септември - Јуни
7.Против епидемиолошки мерки (дезинфекција, дезинсекција и дератизација) Здравствена установа Август, Јануари
8.Одржување на хигиената на училиштето и училишниот двор Вработени, училиштето Септември - Јуни
9.Организирање на зимувања, летувања и логорувања наставници по физичко, директор зимски одмор, летен одмор

Напомена: Доколку се јават одредени потреби или се создадат вонредни услови ќе се организираат дополнителни активности.

12. Соработка со локалната средина

Реализацијата на подрачјето соработката на училиштето со локалната средина ќе се одвива преку:

  • Соработка со семејството и родителите на учениците;
  • Соработка со претпријатија и други органи и организации;
  • Општествени активности со младината и возрасното население од локалната средина;
  • Информирање на пошироката јавност за резултатите на училиштето;
  • Вклучување на училиштето во други културни и образовни активности во локалната средина.

Соработката со родителите ќе се реализира низ групните и индивидуални средби на наставниците со родителите на кои меѓусебно ќе се информираат за резултатите во наставата и за други прашања поврзани со потребите на учениците.

ПРОГРАМА
за Родителски средби во учебната 2009/2010 година

Септември

  1. Запознавање на родителите на учениците од , 1-во и 5-то одделение со: воспитувачите и наставниците, наставната програма, условите за работа во подготвителната година, одделенска и предметна настава и организацијата на работата во училиштето.
  2. Запознавање на родителите на учениците од 1-во и 5-то одделение со: Правилата за однесување на учениците, со Извадоци од Правилникот за изрекување на педагошки мерки, Куќниот ред.
  3. Кооптирање на нови членови во Советот на родители за прво и петто одделение.
  4. Цели, задачи, начин на организација и реализација на дополнителна, додатна настава и слободни ученички активности.
  5. Редовност, хигиена и дисциплина кај учениците.
  6. Актуелни прашања: осигурување, исхрана на учениците, претплата на детски списанија.
  7. Информации за наставните екскурзии кои се планирани со Годишната програма.
  8. Напомена: Првите три точки од Дневниот ред важат само за родителите на учениците од 1-во и 5-то одделение.

Ноември

  1. Извештај за постигнатите резултати на учениците во паралелката по првото тримесечје.
  2. Разговори за надминување на проблемите во паралелката поврзани со: успехот, редовноста и дисциплината на учениците.
  3. Распоредот на учениците во слободните активности, изборната, факултативната и додатната настава.
  4. Информации од состаноците на Советот на родители на ниво на училиште.

Април

  1. Извештај за постигнатите резултати на учениците во паралелката по третото тримесечје.
  2. Разговори за надминување на проблемите во паралелката поврзани со: успехот, редовноста и дисциплината на учениците.
  3. Информации од состаноците на Советот на родители на ниво на училиште.
  4. Запознавање на родителите со изборната и факултативната настава
    Напомена: Точката број 4 се однесува само на одделенијата во кои се воведува изборна и факултативна настава.

Соработката со локалната средина ќе се оствари преку редовни средби на Советот на родителите на училиштето, на Советите на родителите на паралелките и на Училишниот одбор.

Целта на оваа соработка со локалната средина покрај останатото ќе биде: мотивирање на родителите за проширување и продлабочување на соработката, нејзино интензивирање, промена на ставовите на родителите кон училиштето, подигање на нивото на педагошките знаења на родителите и поттикнување на месното население на работни акции од локален карактер.

Советот на родителите на училиштето ќе го сочинуваат: 40 претставници на родителите од сите паралелки, директорот и стручните соработници. Ќе одржи најмалку 4 состаноци на кои ќе бидат разгледувани заклучоци од одржаните состаноци на стручните органи и родителите ќе даваат мислење за ефикасно остварување на воспитно образовната дејност на училиштето.

ПРОГРАМА
за работа на Советот на родители на ОУ Блаже Конески – Прилеп учебна 2009/10 година

Активности Кој ги реализира Кога се реализира
Усвојување на Годишната програма за работа на Советот на родители Претседател на Советот на родители Септември
Исхраната и осигурувањето на учениците Директор Октомври
Разгледување на Годишната програма на училиштето Директор Септември
Разгледување на Полугодишниот извештај за работата на училиштето Директор Февруари
Разгледување на Годишниот извештај за работата на училиштето Директор Септември
Известување за организирање на Изборни и Факултативни предмети во училиштето Директор, педагог, психолог Март, Април
Известување за тековните активности во училиштето Директор Септември - Јуни
Известување за тековните проблеми во училиштето Директор Септември - Јуни
Кооптирање на нови членови во Советот на родители Претседател на Советот на родители Септември
Учество на родителите во планирањето, организацијата и реализацијата на наставните екскурзии Директор Септември
Греењето во училиштето Директор Септември
Организирање на Отворен ден за родителите Претседател на Советот на родители, Директор, Стручни соработници Мај
Информирање за реализацијата на проекти Директор Февруари
Професионална ориентација на 8-мо одделенците Претседател на Советот на родители, Директор, Стручни соработници Мај
Соработка со локалната самоуправа за следните проблеми:
  • санирање на каналот со отпадни води
  • дивите продавачи на храна
  • оградувањето на училиштето
  • обележување, осветлување и поставување на сигнални светла на сообраќајниците околу училиштето
Претседателот на Советот на родители, Директорот Континуирана активност
Тема: Во текот на учебната година

*Темата накнадно ќе биде дефинирана во текот на учебната 2009/10 година, а ќе се однесува на соработката на Советот на родителите со: Ученичките заедници од училиштето, стопанските организации, институциите, информативните средства, невладините организации, стручните органи на училиштето и др.

НАПОМЕНА: Прегледот на членовите на Советот на родителите при ОУ Б.Конески-Прилеп е составен дел на Годишната програма во форма на Прилог бр.7/1.Советот на родители ќе работи според Деловник кој е Прилог бр.7/2

Родителите и локалната самоуправа ќе го остварат своето влијание врз училиштето во сите области на неговата работа преку работата на Училишниот одбор.

При организирањето на разновидни манифестации за одбележување на: државни празници, јубилеи, годишнини на познати историски дејци и друго училиштето ќе соработува со локалната средина

Ќе се организира одбележување на Денот на училиштето преку повеќе пригодни манифестации меѓу кои и свечена академија.

Исто така училиштето со своја програма ќе учествува на Детските смотри од слободните ученички активности, ќе организира посети на кино, театарски претстави, изложби, музички манифестации, галерии и музеи.

ЗАДОЛЖЕНИЈА
за наставниот кадар во одбележувањето на празници и настани, изготвување програми и извештаи во учебната 2009/2010 год.

Празник Реализатор - задолжен наставник
1.Осми Септември – Реферат Котески Цветан
2.5-ти Октомври - Реферат (денот на учителот) Христоска Виолета
3.Прием на првачињата во заедницата на учениците на училиштето Ефремоска Билјана
Прангоски Ристо
Смугреска Дијана
Трпкоска Лилјана
4.Прослава на Патрониот празник на училиштето(19-ти декември) Дулевска Марија
Ефтимоски Ицко
5.Прием на првачињата во подмладокот на Црвен крст Мишески Петре
Звездоска Павлина
11-ти Октомври - Реферат Богданоска Емилија
7.Комисија за подготвување на програми по повод на празници Точила Мојсоска Весна
Христоска Виолета
Бузеска Лилјана
Неделкоска Марија
Црвенкоска Весна
Велкоски Љупчо
Смугреска Дијана
8.Комисија за подготвување на Програми по повод на празници Варош Мургоска Елизабета
Костадиноски Илија
9.8-ми Март –Реферат Талеска Викторија
10.1-ви Мај - Реферат Богданоска Емилија
11.4-ти Мај – Реферат Котески Цветан
12.24-Мај-Реферат Христоска Виолета
13.Годишна приредба (Детски смотри-2010) Дулевска Марија
Апостолоска Ана - претседател
Ефтимоски Ицко
Бузеска Лилјана
Неделкоска Марија
Христоска Виолета
Трпкоска Лилјана
Стевананџија Габриела
Велкоски Љупчо
Андоноски Петар
14.Полугодишни и годишни извештаи Богданоски Игор - табеларен преглед
Маркоска Виолета
Ангелеска Марија
Мазнејкова Вера
Ристеска - Проданоска Наташа
Прангоски Ристо - текстуален дел
Ефремоска Билјана
13. Следење, вреднување и унапредување на воспитно - образовната работа

Следењето, вреднувањето и унапредувањето на воспитно образовната работа во училиштето ќе биде со цел да се постигне квалитет во работењето и да се придонесе за унапредувањето на воспитно образовната работа.

Предмет на следењето, вреднувањето и унапредувањето ќе биде:

  • планирањето, програмирањето и подготовката на дејноста на сите нивоа и од страна на секој субјект;
  • следење, проверување и оценување на успехот на учениците и наставниците;
  • перманентно стручно усовршување на раководниот, воспитно образовниот и соработнички кадар;
  • водење на педагошката евиденција и документација;
  • остварување на дејноста на училишната библиотека.

Реализацијата на Годишната програма ќе ја следат: Училишниот одбор, Советот на родителите, Наставничкиот совет, Локалната самоуправа - одделението за образование и одговорниот советник од Бирото за развој на образованието.

Следењето на организацијата, реализацијата и ефикасноста на наставните и вон наставните активности, следењето на сите видови подготовка на наставата и вон наставните активности ќе бидат задачи на директорот на училиштето во соработка со стручните работници, одговорниот советник и останатите советници од Бирото за развој на образованието.

Директорот на училиштето ќе ја следи реализацијата на наставата преку: посета на наставни часови при што ќе ги следи дневните и неделните планирања на наставниците, реализацијата на планирањата и водењето на педагошката евиденција. Исто така ќе ја следи реализацијата на часовите за дополнителна и додатна настава, формите и методите на работа со овие ученици. Вон наставата ќе ја следи преку: посета на часовите на слободните ученички активности, реализацијата на програмите, бројот на учениците и т.н. Вреднувањето на работата на наставниот кадар ќе го врши преку примена на Модел за следење на наставата. Следењето и унапредувањето на наставата ќе го реализира и преку учество во работата на Стручните активи во училиштето.

Одговорниот советник од Бирото за развој на образованието ќе ја следи и вреднува работата на училиштето преку: учество во работата на Наставничкиот совет, стручните активи - по потреба и преку индивидуална посета на наставни часови.

Стручните соработници ќе ја следат реализацијата и ќе ја унапредуваат работата во наставата и вон наставата преку: посета на наставни часови, слободните ученички активности, дополнителна и додатна настава, учеството во организација на целокупната работа на стручните органи и тела. Следењето на наставните и вон наставните активности стручните работници ќе го вршат преку примена на Модели за следење на истите.

Следењето и вреднувањето на постигањата на учениците во наставата ќе го вршат предметните наставници и наставниците од одделенска настава преку писмени работи, тестови, контролни работи, усно испитување, практична работа и Бирото за развој на образованието преку реализација на Проекти за оценување на постигањата во наставата.

Врз основа на следењето на резултатите од наставата и вон наставните активности од страна на директорот, советниците од Бирото за развој на образованието и стручните работници училиштето ќе изготвува полугодишни и годишни извештаи, анализи и информации по изминатите тримесечја за потребите на стручните органи и тела на училиштето и другите институции надвор од него.

Во ова подрачје директорот и стручните работници ќе ги применуваат следните инструменти: Неделни оперативни планирања, Анкетен лист и Табеларен преглед за изготвување на полугодишен и годишен извештај, Евидентни листови за следење на дополнителната, додатната настава и слободните ученички активности, модели за следење на наставни часови и др.

Напомена: Инструментите за следење, унапредување и вреднување на одделните подрачја од дејноста на училиштето се дадени како прилог кон оваа програма.(Прилози бр.8/)

Во рамките на унапредувањето на воспитно образовната работа училиштето ќе продолжи со реализција на веќе започнатите проекти.

За наставниците почетници во наставата училиштето ќе организира и менторска работа од редовите на вработениот наставен кадар.

14. Стручно и педагошко усовршување на наставниците, директорот и стручните работници

Стручното усовршување на наставниот кадар и стручните соработници ќе се остварува преку: индивидуално стручно усовршување со следење на стручна литература и списанија, интерно стручно усовршување со работа во Стручните активи, екстерно стручно усовршување со посета и учество на семинари, советувања организирани од Бирото за развој на образованието и др. стручни институции.

Стручно усовршување

Во текот на учебната година стручното усовршување во училиштето ќе се одвива низ следните форми:

  • Индивидуално стручно усовршување преку следење на стручна литература и списанија (Просветно дело, Просветен работник, Образовни рефлексии и Воспитни крстопати)
  • Екстерно стручно усовршување преку учество на семинари, советувања во организација на Бирото за развој на образованието и други институции
  • Интерно стручно усовршување преку работата на стручните активи во училиштето.
  • Стручно усовршување на наставник - приправник преку менторство со примена на Акционен план за менторство.

Програмата за Интерното стручно усовршување - иновирање на наставата е Прилог бр. 9

XV. Стручни органи и тела

Во училиштето според претходно донесени програми ќе работат следните стручни органи и тела:

  • Наставнички совет. Во текот на учебната година ќе одржи 7 програмирани состаноци, а според укажаната потреба ќе одржува и вонредни состаноци.
  • Одделенски совет. Во текот на учебната Година секој одделенски совет ќе одржи 6 програмирани состаноци, а според укажаната потреба ќе одржува и вонредни состаноци.
  • Раководители на паралелка. Секој раководител на паралелка во текот на учебната година покрај индивидуалните и групните средби со родителите ќе одржи 5 општи родителско-наставнички средби со родителите од паралелката, а според укажана потреба ќе одржи и вонредни состаноци.
  • Стручни активи. Трите Стручните активи од следните подрачја: одделенска настава, општествено-естетско-јазично и природно-научното подрачје во текот на учебната година ќе одржат најмалку по 4 програмирани состаноци (по две во полугодие).

Напомена: Акциониот план за работа на Инклузивниот тим е Прилог бр.10

ПРОГРАМА
за работа на наставничкиот совет учебна 2009/2010 година

Содржини за работа Носител на раб.
Август
1.Разгледување на успехот на учениците по поправните испити Директор
2.Разгледување на Годишниот извештај за работа на училиштето Директор
3.Утврдување на паралелките распределба на наставните часови, одделеленски раководства, одговорни на ученички организации, на слободни активности и додатна настава. Директор
4.Организацијата за работа на стручните органи и тела, одговорни на одделенски совети. Директор, Стручни соработници
5.Укажувања за средување и водење на педагошка евиденција и документација Директор
6.Формирање на комисии (исхрана, фотографирање, екскурзии, полуматурска, осигурување, попис) Директор
7.Разгледување на Годишната програма за работа на училиштето за учебната 2009/2010 година Директор
Септември
1.Снабденост на учениците со учебници (недостатоци и нивно отстранување) Директор, Библиотекар
2.Информации од присуството на семинари и советувања Одговорни наставници
3.Давање на мислење за приправниците Одговорни наставници
Ноември
1.Договор за одбележување на патрониот празник на училиштето Комисија за прослава
2.Извештај за резултатите од првото тримесечје Директор, стручни соработници
3.Согледувања од водењето на педагошка евиденција и документација Директор
Декември
1.Свечена седница по повод Патрониот празник на училиштето
Јануари
1.Разгледување на Полугодишниот извештај на училиштето Директор
2.Реализација на Програмите од Стручните активи Одговорни на Стручните активи
3.Информации за употребливоста и исправноста на нагледни средства Одговорни на одделенски совети
4.Известувања за работата на слободни активности, додатната и дополнителна настава Одговорни наставници
5.Организација на училишни натпревари Одговорни наставници
6.Информации за работата на Советот на родители Директор
Април
1.Извештај за резултатите од третото тримесечје Директор
2.Информација за подготовките на училиштето за Детските смотри Директор, комисија за подготовки
3.Разгледувања на актуелни прашања и проблеми Директор
4.Согледувања од постигнатите резултати на учениците од училишните натпревари Одговорни наставници
5.Донесување на Одлука за прибирање на бесплатните учебници Одговорни наставници
Јуни
1.Извештај за успехот на учениците по одржаните одделенски совети Директор
2.Извештај за успехот на учениците по одржаната дополнителна настава и поправните испити Директор
3.Средување на педагошката евиденција и документација Директор

Напомена: Во зависност од укажаните потреби можно е да дојде до промени во дневните редови на Наставничките совети и бројот на одржани состаноци.

Одделенски совет
Одделенските совети на паралелките ќе бидат составени од Директорот, стручните работници и наставниците кои предаваат во соодветните паралелки и ќе одржат најмалку 6 состаноци на кои ќе се разгледува успехот, поведението, редовноста на учениците, реализацијата на сите видови на наставни и воннаставни планирања.

ПРОГРАМА
за работа на одделенските совети учебна 2009/2010 година

Содржини за работа Носител на раб.
Август
1.Избор на одговорни на одделенските совети Директор
2.Донесување на Програма за работа на Одделенските совети Одговорен на одд.совети, директор, стручни. соработници.
3.Договор за организирање на слободни активности, додатната и дополнителната настава и избор на ученици Одговорен на одд.совети, директор, стручни. соработници.
4.Информации за планираните наставни екскурзии
Ноември
1.Реализација на наставната материја по првото тримесечје Одговорен на одд. совет, оддел. раководители
2.Успехот, редовноста, дисциплината и хигиената на учениците во паралелката наставници стручни соработници
3.Постигнати резултати на учениците на натпревари и конкурси
4.Реализација на слободни активности додатната и дополнителната настава
Декември
1.Реализација на наставната материја по првото полугодие Одговорен на одд. совети, Одделенски раководители
2.Утврдување на полугодишниот успех и поведението кај учениците наставници, стручни соработници
3.Редовноста, дисциплината и хигиената на учениците и мерки за подобрување на истите.
4.Реализација на слободните активности, додатната и дополнителната настава
Април
1.Реализација на наставната материја во текот на третото тримесечје Одговорни на одд. совети, одделенски раководители, наставници, стручни соработници
2.Успехот, редовноста, дисциплина и хигиената на учениците во паралелката
Јуни
1.Реализација на наставната материја на крајот на учебната година Одговорен на оддел. совети, оддел. Раководители,
2.Утврдување на годишниот успех и поведението кај учениците наставници, стручни соработници
3.Организирање на дополнителна настава и поправни испити
4.Утврдување на успехот по дополнителна настава и поправните испити Одговорни наставници
Август
1.Утврдување на успехот на учениците по одржаните поправни испити Одговорен на оддел. совети, одд. раководители,наставници, стручни соработници

Напомена: По потреба одделенските совети ќе одржуваат и вонредни состаноци кои ќе произлезат од актуелните прашања и проблеми.

Раководители на паралелката
Одделенските раководители на паралелките ќе ги реализираат содржините од планирањата за работа на часот за одделенски раководител.

Напомена: Програмите за работа на Одделенските часови ќе бидат приложени кон оваа програма и ќе бидат составен дел како Прилог бр.11

Стручни активи
Во работата на стручните активи најголемо внимание ќе се обрне на интерното стручно усовршување преку разновидни форми: методички работилници, изведување на практични часови и интегрирани наставни денови и др.

Стручните активи работат според претходно подготвени програми. Секој стручен актив има одговорен наставник и своите состаноци ќе ги одржуваат според зацртаната динамика наведена во програмата. Нивната работа ќе ја следат директорот и стручните работници. Во училиштето ќе работат следните активи:

ПРЕГЛЕД
на Стручните активи во ОУ Блаже Конески за учебната 2009/2010 год.

Ред. Бр. Стручен актив Одговорен на стручниот актив
1. Стручен актив на одделенска настава Бошкоска Ана
2. Стручен актив од општествено - јазично и естетско подрачје Мојсоска Весна
3. Стручен актив од природно - математичкото и информатичко подрачје Богданоски Игор
XVI. Управување и раководење

Училишен одбор
Училишниот одбор како орган на управување со училиштето е составен од 9 членови од кои 3 се од редот на воспитно-образовниот кадар, 3 од редот на родителите, 2 од локалната самоуправа и 1 од министерството за образование. Работата на овој орган е рагулирана со Законот за основно образование и Статутот на училиштето. Училишниот одбор работи според своја Програма.

ПРОГРАМА
за работа на Училишниот одбор во учебната 2009/2010 година

Јули

  1. Изготвување на Предлог Програма за работа на Училишниот одбор за наредната учебна година
  2. Тековни прашања

Август

  1. Предлагање на Годишниот извештај за работата на училиштето во учебната 2008/2009 година
  2. Давање мислење за избор на наставници и други работници
  3. усвојување на Предлог Годишна програма за работа на училиштето во учебната 2009/10
  4. Тековни прашања

Септември

  1. Разгледување на финансискиот план за работење на училиштето
  2. Тековни прашања

Февруари

  1. Разгледување на Годишната пресметка за финансиското работење на ОУ Блаже Конески во календарската 2009 година
  2. 2.Разгледување на Полугодишниот извештај за работата на ОУ Блаже Конески во учебната 2009/2010 година
  3. Тековни прашања

ЗАБЕЛЕШКА: Во оваа предлог програма се опфатени состаноците и дневните редови кои можат претходно да бидат програмирани.

Директор
Со училиштето раководи директор. Ова училиште е развиено т.е. има 39 со 959 ученици и 53 наставници има и помошник на директорот. Директорот ќе работат според претходно изготвени годишни програми.

Стручни соработници
Во училиштето има вработено три стручни работници: педагог, психолог и библиотекар. Исто така и стручните работници ќе работат на полето на воспитно- образовната работа со претходно планирани и програмирани активности во сопствените програми.

Комисии
За остварување на одделни задачи од дејноста на училиштето во текот на учебната година ќе бидат формирани 2 комисии како помошни тела на органот на управување - раководење. Овие комисии ќе бидат формирани за:

  • Јавни набавки: исхрана на учениците, фотографирање на учениците, екскурзии, полуматурска вечер, осигурување
  • Попис: Основни средства, Ситен инвентар и Парични средства
XVII. Управување и раководење

Реализацијата на наставата, вон наставните активности и другите активности од дејноста на училиштето што ќе се остварува во текот на оваа учебна година ќе се евидентира и документира во одделенските книги, главните книги, записничките книги, обрасци и др.

Врз основа на следењето, анализирањето и вреднувањето на воспитно образовната работа во училиштето на крајот од тримесечјата, полугодието и крајот на учебната година ќе се изготвуваат: анализи, осврти, информации и извештаи.

Во согласност со законските прописи во текот на оваа учебна година ќе бидат изготвувани и издавани педагошки документи на учениците (ученички книшки, ученичка легитимација, евидентни листови, свидетелства, преведници и др.). Педагошката евиденција и документација ќе се води согласно чл. 99 од Законот за основно образование.

XVIII. Административно - технички служби

Управно - административна служба
Во училиштето од страна на управно - административната служба работат: секретар, благајник и економ. Истите работат според задачите зацртани во Систематизацијата на училиштето.

Помошно - техничка служба
Во оваа служба работат: хаусмајстор, котлар, ноќни дежурни и хигиеничари. Вкупниот број на извршители од оваа служба е 11.